Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе ги плати новите фискални каси со ГПРС уреди?

СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе ги плати новите фискални каси со ГПРС уреди?
Педесети илјади фирми во Македонија се наоѓаат под финансиски притисок затоа што мора да инсталираат нови фискални каси со ГПРС уреди, смета опозицискиот СДСМ. Касите чинат околу 500 евра, а најголем дел од фирмите ќе треба сами да си ги купат, тврдат опозиционерите. „Тоа се најранливите, мали и средни претпријатија како дуќаните за леб, берберниците, продавнички за облека, авто пералните, фирми што имаат мал промет. Нив, најголемиот стрес ги чека за два ипол месеци кога им истекува крајниот рок. Не е точно тврдењето на власта, дека трошокот за новите фискални ГПРС каси нема да падне врз фирмите, бидејки ќе им бил овозможен даночен кредит“, вели пратеникот од СДСМ Јован Митревски. Според него, право на даночен кредит имаат фирмите што имаат промет повисок од шест милиони денари на годишно ниво, а и даночниот кредит значи оти државата ќе врати само 10% од вредноста на касата. „Според груба пресметка, новите фискални апарати, на некого во државава ќе му донесе до 40 милиони милиони евра. СДСМ смета дека фирмите треба да имаат ГРПС каси. Но СДСМ бара, замената на касите со нови ГПРС каси да биде бесплатна, посебно за малите претпријатија“, нагласува Митревски. ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврди дека набавката на фискалните каси ќе им биде компензирана на сите фирми преку намалување на обврската за плаќање на персонален данок на доход по годишна сметка. Владејачката партија го цитира член 30-к од Законот за персонален данок на доход во кој  стои дека „Обврзникот кој е должен согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, да воведе и да користи одобрен систем за регистрирање на готовинските плаќања, му се намалува пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност“. „Значи и на малите фирми ќе им бидат рефундирани парите со одбиток од персоналниот данок. Што се однесува на многу ситните трговци пак, тие немаат обврска да водат книги и да воведат фискална сметка. Фискалните каси со ГПРС значат значително намалување на трошоците во поглед на административните работи на самите фирми, но и на Управата за јавни приходи. Воедно тие се уште една алатка за борба против сивата економија“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести