Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ против новите законски измени за Кривична постапка

СДСМ против новите законски измени за Кривична постапка

Откако пратениците на власта денеска предложија измени на Законот за кривична постапка од опозицијата реагираат образложувајќи дека со овие предлог закоснки измени власта всушност го признава криминалот.

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за измена на Законот за кривична постапка е обид за дезавуирање на постапувањето на Специјалното јавно обвинителство и одложување на неговото постапување.

Со овој нивен предлог ги продолжуваат роковите на редовната и на скратената кривична постапка, со што всушност се сакаат да ги одолговлечат и одложат постапките на специјалното јавно обвинителство. Сите знаете дека во својот извештај специјалното јавно обвинителство најави обвиненија во скоро време. За да го одложат постапувањето на ова обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат наместо како до сега осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување на докази, тој рок да се продолжи на 90 дена, што е речиси 3 месеци“, изјави пратеничката Рената Дескоска.

Таа прецизира дека  скратената постапка целосно се минира со воевдување на истиот рок од 90 дена за преземање на дејствија на одбраната што практично значи дека по завршувањето на истрагата, обвинителството нема да може да покрене обвинение во наредните 90 дена.

За Дескоска и СДСМ ова претставува уште еден срамен чекор на ВМРО-ДМНЕ и ДУИ во Собранието со кој што се потврдува криминалот на власта во заминување.

Имено, преку измените пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат продолжување на рокот во кои одбраната има право да поднесе докази од 15 на 90 дена.

Втората измена предвидува обвинителството да има обврска пред да поднесе обвинение, да го извести обвинетиот за истражната постапка и собраните докази.

Се предвидува измените да важат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон.

Подносителите објаснуваат дека целта е да се создадат претпоставки за ефикасно остварување на правата на одбраната на осомничените во кривичната постапка.

Слично

Поврзани вести