СДСМ: Производството на струја потфрла!
Во првите девет месеци од оваа година, произведени се 1.138 гигават часови (Gwh) помалку струја од планираното, обвини опозицискиот СДСМ.
„Планирано било производство на 4.657 гигават часови струја а произведени се само 3.519. Наместо домашна произведена струја зголемен е увозот на електрична енергија за над 700 гигават часови. Според овој Извештај планиран бил увоз на само 1.569 а увезени се 2.285 гигават часови. За само 9 месеци од оваа година. За овој период над 40% од вкупната струја е увезена а тоа го плаќаат граѓаните и фирмите“, вели Васко Ковачевски од СДСМ, цитирајќи ги податоците од Диспечерскиот извештај на МЕПСО.
„Зарем сега државната ЕЛЕМ ќе ја демантира државната МЕПСО? Факт е дека Македонија се помалку произведува, а се повеќе увезува струја. Ако се земе предвид откажувањето на Блок 1 во РЕК Битола, застојот во ХЕЦ Маврово и РЕК Осломеј, до крајот на годината овие податоци ќе бидат уште полоши. За катастрофалните енергетски политики кои ги чинат граѓаните поскапа струја, од зголемен увоз и укината евтина тарифа дел од одговорните лица се во оваа зграда“, додава тој.
Слично
