СДСМ: Прилепската болница нема опрема за да се направи операција
„Поради неисправните апарати во болницита, од пред неколку дена, се одлагаат сите операции на хирургија, гинекологија, ортопедија, како и на очното и ушно одделение" - рече денешната прес-конференција Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.
Тој вели дека граѓаните за каква било хируршка операција одат во болница во друг град, бидејќи во прилепската болница Борка Талески, условите биле катастрофални.
Апаратите за анестезија не биле сервисирани со години.
,,Граѓаните на Прилеп живеат во невидена сиромаштија и немаат средства за приватни лекувања, како и најголем дел од граѓаните во државава.За ваквиот потценувачки однос кон здравјето на прилепчани, и за евентуалните несакани последици, одговорност ќе има!" - рече Велески.
Тој го повика градоначалникот Марјан Ристески, за како што вели, да покаже барем малку интерес за катастрофалната состојба на прилепската болница.
