Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Пресудата против Заев е срам за судството!

СДСМ: Пресудата против Заев е срам за судството!
Пресудата на Основниот суд - Скопје 2, со која Зоран Заев беше осуден за клевета на Никола Груевски во случајот „Македонска банка“ е донесена под директива на Груевски, смета Социјалдемократскиот сојуз. „Потврда за тоа е одлуката на судот да ја испорача до евро, сумата од 50 илајди евра, што ја побара Никола Груевски“, сметаат од опозициската партија. Според СДСМ, „судската фарса вчера го најави исходот од судењето, чијашто единствена цел беше амнестија на Груевски“. „Тоа го потврдува неприфаќањето на аудио снимката како доказ. Тоа го потврдудува неприфаќањето на клучниот сведок, Ден Дончев, од кого е добиена снимката и кој лично го води разговорот со Груевски околу продажбата на Македонска банка. Тоа го потврдува и фактот што Груевски вчера на конкретно прашање дали гласот на снимката е негов, не одрече, туку се повика на партиско соопштение. Денешната пресуда е уште еден срам за судството и за Република Македонија“, стои во писмената реакција. Притоа, од СДСМ потенцираат дека Заев ќе ги употреби сите правни механизми за вистината да излезе на виделина. „Само прашање на време е кога правдата ќе биде задоволена, а Никола Груевски ќе ја добие заслужената казна“, се вели во соопштението на СДСМ.
Слично

Поврзани вести