СДСМ предложи „праведни даноци“ за враќање на средната класа, од УЈП велат – штетни се за буџетот
СДСМ ги презентираше новите економски мерки од својата програма, од Упраата за јавни приходи реагираат-предлогот е штетен за буџетот.
Најголемата опозициска партија најави воведувањето на праведен данок и 4 нови мерки со кои ќе ја враќа средната класа во земјава. Како што изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев воведувањето на новите праведни даноци ќе го подобрат животот на просечниот граѓанин. Станува збот за праведен данок на доход ина имот, ослободувањето од плаќање данок и воведување развоен данок.
Со правичен данок за граѓаните значи дека повисок персонален данок на доход ќе плаќаат богатите, а сите останати ќе имаат пониски даноци велат од СДСМ и предлагаат за вкупен годишен приход на секој граѓанин до 720.000 денари, или околу 12.000 евра, персоналниот данок на доход да се плаќа по стапка од 9 проценти, а над таа сума 18 проценти.
„Тоа значи дека повеќе од 80 проценти од граѓаните ќе плаќаат помал данок од досегашниот, а само најбогатите ќе плаќат повеќе“, вели Заев.
Со втората мерка, приходите од земјоделска дејност и од каматите на штедните влогови на граѓаните во банките нема да влегуваат во формирање на даночната основица кај персоналниот данок од доход. Со мерката развоен данок, ќе се возможи 30% од ДДВ да се вложуваат во развојот на спорт, култура, наука и образование.
Контролата на овие донации ќе биде редовна по однапред пропишана процедура, а останува во сила решението кај данокот од добивка единствената даночна стапка да изнесува 10 проценти, вели Заев.
Четвртата мерка праведен данок на имот според СДСМ ќе значи редефинирање на основицата и стапката на данокот од имот.
„Секој кој има во сопственост еден стан или една куќа во која живее заедно со своето семејството ќе плаќа данок на имот од 0,05 проценти од вредноста на имотот. Доколку поседува втор стан или куќа ќе плаќа данок на имот во висина од 0,1 проценти од вредноста на имотот. За трет стан или куќа, ќе се плаќа 0,15 проценти данок на имот. За четврт или повеќе станови или куќи сопственикот ќе плаќа 0,3 проценти данок од вредноста на имотот“, истакна Заев кој повтори дека и со првата мерката за враќање на 15 % од ДДВ ќе им се вратат 130 милиони евра, или помеѓу 20.000 и 30.000 денари од семејство.
УЈП: Мерките се неприменливи
За Управата за јавни приходи последните мерки предложени од СДСМ се нејасни и неприменливи. Директорот на Управата, Горан Трајковски вели дека ќе предизвикаат штети кај граѓаните, компаниите и по буџетот. Вели дека мерките се неодржливи и бескорисни, а подготвен е својата длабинската анализа да ја изнесе и во јавна дебата, нагласувајќи дека ваквимерки ќе го нарушат даночниот систем граден седум години.
Во однос на данокот на имот, предложените мерки веќе ги има во Законот, додека втората мерка за Трајковски е спорна.
„Рамните даноци по својата природа кои ние во Македонија ги применуваме и во поширокото опкружувње на Балканот и во Централна и Источна Европа подразбираат и голема палета на даночни ослободувања. СДСМ никаде не зборува за даночните ослободувања. Во моментов со 10 отсто рамен данок на 20 илјади денари просечна плата даночното оптеретување со користење на даночното ослободување е 1.200 денари. Решението што го предлага СДСМ значи на истата плата од 20 илајди денари даночно оптоварување од 1.800 денари. Дали станува збор за даночно намалување кое ќе го осетат граѓаните по својот џеб и да не заборавиме дека исплатите на персоналниот данок на доход е работодавецот, а не граѓанинот кога станува збор за платите, а тие го врзуваат со плати до илјада евра“, вели Трајковски.
Лошо според него е лошо и решениетоза данокот на добивка преку ослободување до 30 отсто за стимулирање на компаниите на спортот, образованието и она што е јавен интерес.
„Во игра се враќа старо решение кое најпросто кажано значи перење пари. Тој филм Македонија го има гледано. Кога Македонија беше фиктивно преплавена од невладини организации кои по овој основ беа финансирани од компаниите и не дадоа никаков врвен резултат ниту во спортот, ниту во културата, туку беа само еден вентил за перење пари“, вели Трајковски.
Слично
