СДСМ: Предлогот на Ставрески веднаш го одбиваме
СДСМ соопшти дека предлогот на Ставрески е не прифатлив и е обид за глумење лажна конструктивност.
„Предлогот на министерот за финансии Зоран Ставрески го оценуваме како евтин обид за глумење лажна конструктивност. Како што најавивме претходно, опозицијата воопшто нема намера да се пазари со интересите на граѓаните. Остануваме на нашиот план за заштеда на 204 милиони евра, кој ќе спречи Македонија да го доживее грчкото сценарио. Ја известуваме јавноста дека ваквиот предлог за пазарење од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески веднаш го одбивме“, се вели во соопштението од СДСМ.
Слично
