Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ предлага законски да се забранат сметки за граѓаните кои не користат парно

СДСМ предлага законски да се забранат сметки за граѓаните кои не користат парно

Опозициската СДСМ денеска до Собранието достави предлог закон со кој бараат дополнување на Законот за енергетика и решавање на еден од најболните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Тие побараа со Закон да се забранат сметки за граѓаните кои не користат парно.

„Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење не треба да имаат обврска да плаќаат сметки за парно греење што не го користат, ниту казни за таквите неплатени сметки“, сметаа од партијата на Заев.

Од СДСМ ја обвинија власта за проблемите со луѓето кои не користат парно да мора да плаќаат, тужби и извршители, поради неплатени сметки за парно кое што воопшто не го користат.

Тие побараа правото што го предлагаат да се гарантира во Правилник за снабдување на топлинска енергија што Регулаторната комисија ќе има законска обврска да го донесе.

Слично

Поврзани вести