Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ предлага мерки за зголемување на извозот

СДСМ предлага мерки за зголемување на извозот
Три мерки за да се зголеми извозот на македонските компании во странство предлага Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Како дел од мерките, СДСМ бара да му се додели градежно земјиште, да се ослободи од комуналии и да му се дозволи увоз на потребна опрема без давачки на секое ново извозно ориентирано претпријатие кое ќе вработи најмалку 10 нови лица. „Покрај тоа бараме да се добива државна гаранција во висина до 30 отсто од потребните финансиски средства за изградба на нов извозно ориентиран капацитет, која ќе го олесни одобрувањето на кредит од деловна банка, заедно со покривање на трошоците за камата во првите 3 години, како и брендирање на македонските производи со парична поддршка до 4 илјади евра по претпријатие“, вели Драган Тевдовски од СДСМ. Целта е со овие пари да се помогне за креирање на адекватно лого, дизајн на пакувањата и маркетинг план за промоција или ребрендирање на македонскит епроизводи, кои често не се соодветно спакувани и не се препознатливи како бренд.  
Слично

Поврзани вести