СДСМ предлага Македонија да биде една изборна единица
Лидерот на опозицијата, Зоран Заев изјави дека СДСМ ќе предложи Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел. Овај предлог тој ќе го ставел на масата на работните групи, но не кажа дали ќе има и отворени гласачки листи.
Изборниот модел со една изборна единица, според опозицијата ќе им овозможи еднаква шанса и на помалите партии да добијат гласови и да имаат можност да освојат пратенички места, а не како досега тоа да го прават само преку коалиција со поголемите партии.
Околу гласањето на дијаспората, Заев рече дека не е против нивното право на глас, но рече дека нивниот предлог за изорниот модел ќе го прашањето на вредноста на гласовите од дијаспората.
Oсвен тоа, тој рече дека работните групи биле многу блиску до решение за ревидирањето на избирачкиот список. Најверојатно ќе се договори решение коешто ќе значи целосна нова регистрација и создавање на нов изборачки список со биометрискиот отисок.
