СДСМ предлага да се укине данокот за донациите по телефон
Од опозициската СДСМ поднеле предлог до Собранието со кој предлагаат да се укине данокот за средствата што се донираат преку специјалните телефонски броеви на операторите.
Тие велат дека граѓаните кои донираат пари преку отворените специјални телефонски броеви не треба да плаќаат и 18 проценти ДДВ бидејќи тие броеви не се користат за телефонски разговори, туку преку нив се собираат пари за хуманитарни цели.
„Мнозинството граѓани во Македонија се сиромашни, голем број од нив не можат само да си го платат лекувањето дома или во странство, затоа многу често бараат финансиска помош предку овие отворени специјални линии. И од тие кои помагаат, мнозинството се во тешка финансиска состојба“, велат од партијата на Заев .
„Бараме повиците кон специјалните броеви за донации да не се сметаат за телекомуникациски услуги, односно да бидат ослободени од плаќање на ДДВ од 18%“, посочија преку соопштение до медиумите од СДСМ.
