СДСМ, пред значаен реформски исчекор, или бетонирање на позицијата на Султан-партија?
Најголемата опозициска партија СДСМ денеска го избира својот нов лидер, откако според последните информации се очекува Бранко Црвенковски да ја отфрли иницијативата за единствен кандидат на партијата да биде токму тој.
СДСМ е пред најголемиот реформски чекор во својата досегашна историја. Партијата денес на Конгресот се очекува да го избере својот нов претседател. Откако Игор Ивановски ја повлече својата кандидатура, на денешниот конгрес доверба од 705-те делгати ќе бараат потпретседателите Зоран Заев и Зоран Јовановски, како и Кире Наумов. Иако, на денешниот Конгрес му претходеа неколку подметнувања, местенки што од внатре во партијата, што од надвор сепак социјалдемократите колку толку успеаа да ги консолидираат редовите. Но, тоа секако не значи дека денес се ќе оди мазно.
Зоран Заев тешкото доаѓа после втори јуни
Кандидатот за претседател на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица. Тој веќе неколку години наназад се споменува како наследник на досегашниот лидер Бранко Црвенковски уште поодамна најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата и доколку победи најави дека веднаш ќе понуди измена на статутот, предолжувајќи ја Радмила Шеќеринска за негов заменик. Во својата кариера Заев веќе беше лидер, иако само како в.д претседател. (по поразот на Радмила Шеќеринска од парламентарните избори во 2008) Заев беше в.д претседател се до 2009 кога Бранко Црвенковски дојде на лидерската позиција, откако заврши со функцијата претседател на државата. Дамка на неговата кариера е аболицијата од Црвенковски, по случајот Глобал.
Заев на сред внатрепартсика кампања се закани дека ќе ја повлече кандидатурата доколку не престанат внатрепартиските игри, сепак на крајот остана во трката за лидер на партијата. Струмичкиот градоначалник и актуелен потпретседател на партијата најавува нов СДСМ. Според неофицијалните информации доколку победи на денешниот конгрес Заев најавува дека ќе го обедини целото членство, а не се исклучува можноста и за враќање назад во партијата на Владо Бучковски, кој пак веќе најави дека заедно со бизнисменот Минчо Јорданов и Љупчо Зиков ќе формираат Алијанса за позитивна Македонија која треба да прерасне во партија. Дали ќе има обединување доколку Заев денес победи ќе се знае за кратко време. Овде секако се и исклучените од партијата Димитар Бузлевски, Стевчо Јакимовски кој веќе најави дека формира партија ГРОМ. Јакимовски иако децидно кажа дека не се врќа во СДСМ, сепак кажа дека соработка е можна само доколку победи Заев. Зоран Заев денеска според најавите ќе понуди програма, обединување, консолидирање на партијата и повторно освојување на власта.
Зоран Јовановски најавува длабоки реформи во СДСМ
Вториот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски кој исто така атакува на лидерската позиција во најголемата опозициона партија, е роден во Белград 1965 година. Во текот на целата досегашна професионална кариера бил ангажиран во банкарскиот сектор. Во Народна банка поминува 11 години, каде меѓу другото ја извршувал функцијата советник-координатор на гувернерот. Поминува 5 години во приватниот банкарски сектор, главно задолжен за прашања од корпоративното банкарство. Од почетокот на јуни 2009 година работи во Комерцијална банка АД Скопје како главен економист. Јовановски во СДСМ доаѓа по повторно враќање на Црвенковски на челната позиција во партијата. Неофицијално, тој практично е министер за финасии во сенка. Во партијата е задолжен за економските прашања, кој треба да ги корегира погрешните економски политики на власта и да нуди решенија.
„Поднесувањето на кандидатурата тоа на овој убав ден, 1 мај, Ден на трудот, има голема симболика. Во ова време на голема сиромаштија, невработеност, бесперспективност, сакам во СДСМ и во Македонија да ги вратам вредностите кои се столбот на социјалдемократијата, праведноста, солидарноста, и силно верувам дека членовите на СДСМ и граѓаните тоа ќе го препознаат. Јас имам сериозен план, програма и тим. Ќе понудиме автентична чесна приказна за еден поинаков СДСМ“, изјави Јовановски по поднесувањето на кандидатурата. Тврдо дека СДСМ има шанса да тргне по патека по која не одела досега, а најави длабоки реформи во СДСМ. Хендикеп според аналитичарите е што нема доволно политичко искуство, зад него како подржувачи се Ана Павловска Данева и Гордан Георгиев, неговите сопартијци кои во СДСМ функционерската кариера ја започнуваат во 2009 година, најавени тогаш како освежување од страна на Црвенковски.
Кире Наумов: човек битен за Промените во СДСМ
Кире Наумов е третиот кандидат за претседател на СДСМ. Роден е во 1971 во Скопје. По вокација економист. Во својата кариера впишува претседател на Совет на Социјалдемократска младина на Македонија. (1997-1999). Потоа член на Централниот одбор на СДСМ. Советник за економски прашања во Владите на СДСМ (2003 до 2006 година) и директор на Агенцијата за разузнавање (2006 – 2007)
Наумов во последните години не беше директно инволвиран во случувањата внатре во партијата.
„Денес ја ставам на увид на членовите на СДСМ и на јавноста мојата концепт програма со наслов „Промена за промени“. Ова е концепт програма, врз основа на која после втори јуни, во соработка со членовите на СДСМ и нејзините поддржувачи, како и граѓаните на Р.Македонија, ќе се изработи поконкретна, подетална работна програма, врз која ќе се базира работењето и делувањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во наредниот период“, изјави неодамна Наумов, кога го понуди својот концепт за „Промена за промени“.
Наумов, иако важи за аутсајдер во трката за претседателската фунцкија во СДСМ, покажа дека може и како условно речено, човек однадвор, да создаде позитивна клима, клима која неминовно мора да доведе до демократски промени во СДСМ.
Тој е оптимист и убеден е дека ќе победи. Вети заживување на СДСМ и нејзино враќање на патеките на сериозна и стабилна партија. Досегашната кампања тој ја оцени како коректна иако повторно го спомена проблемот со листата на делегати за која тој реагираше уште на почетокот на процедурата кога побара листите да бидат јавни. Успеал или не во тоа, Наумов, по овој конгрес ќе биде силен играч, чиј збор во СДСМ веројатно ќе има поголема тежина, а не е исклучено негово учество и во внатре партиските тела, што за партијата секако ќе биде добредојдено.
Груевски - Црвенковски ќе биде лидер во сенка
Повеќе од јасно е дека кој и да победи на денешниот конгрес на опозициската СДСМ, повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
„Таму е повеќе од јасно дека кој и да победи од овие кандидати, според нивното однесување досега, тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски отколку за што било друго“, изјави Груевски.
Аналитичари: Конгресот треба да значи позитивен исчекор напред за опозицијата
Според аналитичарот Петар Арсовски, за електоратот секогаш е најинтересна новината.
„И со самиот факт дека тоа ќе го има, од понеделник, СДСМ ќе биде интересен за гласачите барем во прво време. И, тоа ќе биде шанса за него да ги придобие оние кои сега го гледаат со малку поинакви очила. Се разбира, под услов ако утрешниот конгрес значи консолидација и програмско-кадровско обединување внатре. А, не нови поделби“, изјави Арсовски за Алфа телевизија.
И.М.

Слично