Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Правото на протест е неприкосновено

СДСМ: Правото на протест е неприкосновено

Правото на протест е неприкосновено право загарантирано со Устав додека, порачуваат денеска од опозицијата.

Од партијата на Заев укажуваат дека хипокризија е криминалци да се на слобода,а да се приведуваат револтирани граѓани и посочуваат дека жестоко се спротивставуваат на насилничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипокризија е обвинети за криминал и корупција од највисокиот врв на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се на слобода, па дури и аболицирани, а истата таа власт да приведува граѓани кои преку протести го изразуваат својот револт за ваквиот начин на практикување на владеењето“, стои во соопштението на опозициската партија.

Оваа реакција доаѓа откако утрово, членот на Президиумот на Левица – д-р Здравко Савески е повикан на информативен разговор во Полициската станица „Пролет“ (Кисела Вода), по што е приведен и истиот ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување на мерка притвор.

За уште тројца членови на највисоките раководни партиски органи на Левица им се стигнати покани за информативни разговори. Настаните за кои тие се теретат се поврзани со масовнитепротести кои ги иницираше движењето ‪#‎Протестирам‬, кои се развија во т.н. Шарена револуција, кои почнаа по срамната и противправна аболиција на Претседателот на РМ. Од левица посочуваат дека нивни членови беа и ќе бидат во првите редови на протестите.

СДСМ повикува протестите да бидат мирни, достоинствени и ненасилни.

Слично

Поврзани вести