Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ прашува-Премиерот одговара: Дали Мијалков ги минува граничните контроли?

СДСМ прашува-Премиерот одговара: Дали Мијалков ги минува граничните контроли?

Во тек е седница на Собранието на која се одвива жешка дебата. Опзицијата прашува а власта одговара.

Место во прашњата на опозициската СДСМ најде и неодамнешното скандалозно приведување на екс директорот на УБК  Сашо Мијалков заради поседување на непријавен пиштол на белградскиот аеродром.

Во врска со овој случај од СДСМ, пратеникот  Горан Сугарески го праша премиерот Никола Груевски дали неговиот братучед Сашо Мијалков е привилегиран и без контрола поминува на границите?

Од оваа партија прашаа што крие Сашо Мијалков во торбите и дали може да гарантира власта дека тој ги поминува граничните контроли.

Премиерот на ова прашање се прогласи за ненадлежен за она што граѓаните го пренесуваат во своите торби кога излегуваат од земјава и рече дека институциите треба да го проверуваат тоа а Мијалков ниту бил ниту ќе биде привилегиран да поминува граница без контрола.

Слично

Поврзани вести