СДСМ прашува: Дали Иво Ивановски крие нешто од јавноста ?
Вчера во медиумите излезе информацијата дека актуелниот министер за информатичко општество, Иво Ивановски решил да замине од функцијата и да ја продолжи кариерата во соседна Бугарија.
Тој заминува на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија, јави вчера МТВ. Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека и на новото работно место ќе има можност да работи во интерес на Македонија.
Според опозициската СДСМ со оставката на Иво Ивановски се ближи крајот на власта на премиерот Груевски и доаѓа слободата.
„Се редат заминувања во владата на Никола Груевски. Пред дефинитивно да замине од политичката сцена Груевски го напуштаат неговите најблиски министри.
Очигледно за Ивановски попривлечно е да се биде вработен во приватна странска компанија отколку да се биде министер во владата на Груевски. Но, Иво Ивановски должи одговори на целокупната македонска јавност зошто избега токму сега?
Дали избега од страв да се соочи со граѓаните за најголемата партизација на државната администрација што ја направи власта на Никола Груевски? Политизацијата на државата и државните инситуции, констатирана во сите релевантни меѓународни извештаи за Македонија, се спроведуваше преку министерството со кое раководеше токму Ивановски.
Дали можеби Ивановски избега поради катастрофалната состојба во медиумите во Македонија, исто така констатирана во сите меѓународни извештаи? Медиумскиот мрак, загрозената медиумска слобода и генерално состојбата во медиумите е во целосна надлежност на министерството со кое раководеше токму тој, Иво Ивановски“ прашуваат од оваа партија.
Партијата на Заев тврди дека владините неуспеси во клучните области, партизацијата на државните институции, владината контрола врз медиумите, ја оддалечиле Македонија и од европскиот пат и од патот на демократските држави, и бараат Иво Ивановски да одговори дали неговото заминување крие нешто дополнително скандалозно за што јавноста сè уште не знае?
Кој е Иво Ивановски?
Иво Ивановски според едни е можеби најуспешен македонски министер, според други, дел од луѓето што се вклопил во сивилото на нетранспарентноста. Најчесто е на мета на медиумите и политичките противнници поради конроверзниот проект „Компјутер за секое дете“. Најмногу е фален што спроведе низа суштински реформи во делот на информатичката технолгија.
Прочитајте повеќе за оваа статија на овој линк.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/08/05/ivo-ivanovski-najuspeshen-minister-vklopen-vo-makedonskoto-sivilo/" target="blank" ]ИВО ИВАНОВСКИ: Најуспешен министер вклопен во македонското сивило?![/button]
