СДСМ повикува на јавна расправа за зголемување на минималната плата
-Ги повикуваме сите здруженија на граѓани, синдикати, комори и други заинтересирани страни да земат активно учество во периодот што следи. Ве повикуваме да се вклучите во јавната дебата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика која ќе се одржи на 21 септември на тема потребата од зголемување на минималната плата и финансиската помош за фирмите.” – денес повика на дебата пратеникот на СДСМ Јован Митрески.
Опозицијата поднесе предлог закон до Собранието на Македонија во кој се предвидува зголемување на минималната плата на 11 000 денари. Партијата бара овај износ да важи за сите вработени во текстилната и кожарската индустрија.
За да не дојде до отпуштање на работници, партијата предлага да се воведе и финансиска помош за фирмите.
,, Финансиската помош ќе ја чини државата помалку отколку што чини, на пример, Панорамското тркало, така што тука простор за оправдување или одбивање на предлогот од страна на власта нема.” – велат од СДСМ.
Инаку, претходно овој предлог на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ го нарече ,,апсурден закон за дневен политички маркетинг”.
Слично
