Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ потврди дека директно ќе се даваат пари на граѓани

СДСМ потврди дека директно ќе се даваат пари на граѓани


Синоќа економскиот совет на СДСМ одржа состанок на кој се дискутираше за новиот сет економски мерки кои ќе бидат предложени до Владата за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и за заживување на македонската економија, меѓу кои и директната финансиска помош на сметките на граѓаните и домаѓинствата со цел да се стимулира потрошувачката.

„Секоја криза е и нова можност. Сега кога здравствената криза полека го намалува интензитетот, фокусот го ставаме на развивање економски мерки со кои ќе се креира додадена вредност и ќе се реструктуира економијата, во правец на:директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка; дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство“, објави претседателот на владеачката партија Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Станува збор за меркикои, како што велат од СДСМ, на краток, среден и долг рок, се превземаат чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија и за зачувување на работните места.

„Сега е време кога ќе ги искористиме и нашите предности, земјоделс твото, сонцето, угостителско-туристичките услуги со огромен капацитет да растат, но и да ги зголемиме ИТ и дигиталната подготвеност и електронската писменост на населението. Да најдеме нови, креативни решенија кои не само што ќе ја придвижат економијата, туку ќе ѝ дадат и дополнителен стимул за нов почеток и динамичен раст и развој. Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник“, додава Заев.



Слично

Поврзани вести