Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ порачува: Екстерно тестирање нема да има!

СДСМ порачува: Екстерно тестирање нема да има!

Донесените измени на Законот за високото образование власта на Никола Груевски и воведувањето т. н државен испит, го загрозија уставно загарантираното право на студирање и направи упад во автономијата на универзитетите, обвинуваат денеска од опозицијата на прес конференција.

Тие потенцираат дека измените се донесени без минимум дебата, без да се земат предвид ставовите на студентите, професорите и широката општествена јавност.

„Целта на власта не беше подобар квалитет на високото образование , затоа што токму оваа власт и учествуваше во уништувањето на образованието во целина“, реагира опозицијата.

На уплашената власт од разбудената интелектуална свест и се потребни нови механизми на контрола на студентите и професорите и набрзина донесените измени се таков обид, вели Љубиша Николиќ од СДСМ.

„Воведените високи казни за професорите, кои одат до затворски казни за деканите, се нешто што е својствено за режимите, а не за парламентарни демократии каква што некогаш беше Македонија. Во таа функција се и наметнатите, т.н. норми и лиценци (менторства, импакт фактори) што водат кон намерна поделеност и понижување на професорите. Парламентарното мнозинство синоќа ја задоволи суетата на Никола Груевски, истакнува Николиќ.

СДСМ порачува дека екстерно тестирање нема да има и дека екстерното тестирање, и во средните училишта и на факултетите, ќе биде укинато, а како не соопштуваат.

Слично

Поврзани вести