Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ поднесе тужба против ДИК за ветото на Наумов

СДСМ поднесе тужба против ДИК за ветото на Наумов

СДСМ поднесе тужба до Управниот суд против стариот состав на Државната изборна комисија, кој го отфрли ветото што дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов го вложи за да ги сопре владините задолжувања.

- Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност, односно одобрување од страна на дополнителниот заменик министер, се наведува во соопштението од партијата.

Тужбата е поднесена, како што велат од СДСМ,  поради ненадлежност на стариот состав на ДИК чиј мандат е истечен на 8 ноември 2015 година, а самата одлука според нив е целосно незаконски формулирана.

Слично

Поврзани вести