Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ поднесе кривична пријава и бара притвор за Јанкулоска

СДСМ поднесе кривична пријава и бара притвор за Јанкулоска
Опозицискиот СДСМ денеска поднесе кривична пријава против министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обвинувајќи ја дека од позициите секретар на ВМРО-ДПМНЕ и министрека за внатрешни работи, во 2006-та година, направила две тешки кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и затајување данок. „Постојат сериозни основани сомнежи дека кеш пари во висина од 80.000 евра, или две донации за ВМРО-ДПМНЕ од 30.000 евра и од 50.000 евра, противзаконски завршиле лично кај Гордана Јанкуловска“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој тврди дека донаторот на парите Загорец Тумбовски и официјално со писмо се обратил до јавниот обвинител за да го потврди и објасни целиот случај. „СДСМ бара од јавниот обвинител Марко Зврлевски да отвори истрага за скандалот во којшто е инволвиран владин функционер. Јанкулоска е 8 години на позицијата министер за внатрешни работи. Потсетуваме дека Гордана Јанкулоска во овој момент само технички ја извршува функцијата министерка за внатрешни работи. Постои оправдан страв дека Јанкулоска може да ја напушти Република Македонија. Затоа, бараме јавниот обвинител да предложи мерка за обезбедување на ова лице, согласно законот за кривична постапка“, рече Шилегов. Тој побара јавниот обвинител преку графоскопско вештачење да утврди дали ракописот и потписот за примените пари е на Гордана Јанкулоска и дали парите завршиле во касата на ВМРО-ДПМНЕ или на нејзина лична сметка.
Слично

Поврзани вести