СДСМ поднесе интерпелација и бара да се разреши Олга Најденовска
Пратеничката група на опозициската СДСМ денеска поднесе интерпелација Интерпелација за работењето на Претседателот на комисијата, Олга Најденовска, со која бараат под итно да биде разрешена.
На прес конференција, координаторот на оваа пратеничка група Горан Сугарески вели дека на синоќешната седница на Комисијата за образование и наука дрско бил кршен Уставот, Законите и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
„Претседателката на Комисијата, Олга Најденовска на најбрутален начин го крши Деловникот на Собранието на Република Македонија и го реализира сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување на физички инцидент“, изјави Сугарески .
Тој тврди дека Претседателката неосновано го крати времетраењето на дискусиите на пратениците,Спротивно на Деловникот на Собранието неосновано го крати времетраењето на дискусиите на пратениците,г о одзема правото на процедурални забелешки на замениците координатори, членовите на комисијата, замениците членови и останатите заинтересирани пратеници, и своеволно го толкува Деловникот на Собранието обидувајќи се да го фалсификува гласањето на пратениците.
Од СДСМ велат дека нема да дозволат вакво шверцеско и насилно носење на закони ниту пак ќе му дозволат на ВМРО-ДПМНЕ да ги воведе во сценарио на конфликт и физички пресметки помеѓу пратениците.
