СДСМ: Под притисок на слободоумните граѓани Иванов ги поништи аболициите
Од СДСМ велат дека под притисок на сите слободоумни граѓани коишто се на нозе, за враќање на слободата, демократијата и правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции.
„Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на Никола Груевски, во обид да ја спаси криминалната власт од одговорност. Но, заедно со граѓаните не дозволивме тоа да се случи. Не може да има селективна правда, законите мора да важат за сите. Зборот е збор. Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи. Рековме, има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот. И тоа се случи. Рековме дека нема да има криминални избори на 5-ти јуни. И тоа се докажа“- велат од СДСМ.
Од партијата објансуваат дека правадата ќе се врати, законите ќе важат за сите подеднакво, а секој што го прекршил законот ќе одговара.
