СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска за време на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Градско - Дреново се огласи со реакција дека најголемиот дел од оваа делница е изградена во времето на претходната власт.
Слична реакција имаше од СДСМ и додека се пушташе во употреба експресниот пат Крива Паланка - СТрацин пред една недела.
„Погледнете како изгледа експресниот пат Градко - Дреново кој денеска се пушта во употреба. Проектот е реализиран од СДСМ со над 92 отсто и горди сме што е завршен.
Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај“, објави опозициската партија, која приложи и фотографии на социјалните мрежи.
