СДСМ: Партизираното судство е поврзано со медиумскиот мрак
Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните, туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор, реагираат од СДСМ.
Велат дека медиумските курири ги бранат срамните, партиски диригирани одлуки на Уставниот суд во обид да се заштити Никола Груевски за изборниот криминал.
„Затоа повеќе од две недели нема одговор на прашањето дали позицијата директорка за регулатива и големопродажба во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева. Главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски. Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски. „Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра“- стои во соопштението од СДСМ.
Тие потенцираат дека токму од овие причини, на Македонија и требаат реформи во медиумите.
Слично
