СДСМ: Партијата на Јакимовски ја згрешила адресата на обраќање
Откако партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ денеска на опозицијата ѝ порача дека методата на уцени и закани е својствена само на терористички организации, а не на современи политички партии од СДСМ во писмена реакција велат дека ја згрешиле адреста на која треба да се обратат.
„Коалицискиот партнер на Стевчо Јакимовски, Никола Груевски, е единствениот на чија адреса треба да се обратат, особено откако излезе на виделина дека Груевски е тој којшто снима и следи граѓани и политичари“, порачаа од СДСМ.
Од опозицијата велат дека за Јакимовски е прифатливо Груевски, од позиција на премиер, противзаконски да снима и следи граѓани и политичари, затоа што тоа се и методи на Стевчо Јакимовски.
„Лично Јакимовски примени закани и уцени, поради што печатен медиум беше принуден да ја промени својата насловна страница, што укажува коj се навистина применува методи својствени за терористички организации во земјава“, се додава во реакцијата на опозицијата.
