СДСМ: Пари за плати и пензии има, еврообврзницата му треба на Груевски за …
Уште еден апел до сите раководни лица кои се инволвирани во издавањето на еврообврзницата, по досегашната постапка, да ја преиспитаат својата одлука упати денеска опозициската СДСМ.
Од партијата на Зоран Заев велат дека средства за редовните трансфери има и ќе има и за платите, пензиите, субвенциите и социјални трансфери имало обезбедени пари во Буџетот, а обвинуваат дека Еврообврзницата и парите од неа и требаат на власта за криминалните проекти, од коишто корист има само Никола Груевски и за предизборна корупција.
СДСМ повикува за добро на граѓаните, Владата и Министерството за финансииранспарентно да ја објават состојбата на државната каса и да признаат дека нема потреба од толкаво задолжување.
„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија не е против обезбедување средства на меѓународните финансиски пазари. Но, само до износ реално потребен и во транспарентна постапка согласно важечките закони. СДСМ не се согласува со противправно издавање на рекордна еврообврзница којашто нетранспарентно, непотребно и скапо ќе натовари долг на грбот на граѓаните“, стои во соопштението на опозицијата.
