Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Падот на ветото е доказ дека платите и пензиите се обезбедуваат со кредити

СДСМ: Падот на ветото е доказ дека платите и пензиите се обезбедуваат со кредити

Откако Државната изборна комисија даде зелено светло за ново задолжување, отфрлувајќи го ветото на дополнителниот министер Кире Наумов, опозицијата реагираше и ја обвини актуелната власт дека води поразителна политика.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Никола Груевски официјално признала целосен пораз на сите политики што ги водеше во изминатите 10 години. Според него, државата се задолжува за да обезбедени пари за плати, пензии и социјална помош.

„Во изминатите десет години, Груевски потроши 25 милијарди евра од Буџетот, пари на граѓаните, а ја доведе државата во ситуација да не може да исплати плати и пензии. Каде се парите на граѓаните коишто со години плаќаат даноци, и други даваччки? Како е можно да нема пари за плати и пензии а да се потрошат 630 милиони евра за споменици? Ако нема пари за плати и пензии тогаш Никола Груевски нема што да чека, веднаш треба да престане со непродуктивните трошења на парите, како што се ЛЕД телевизирите од 1 милион евра на пример“, изјави опозицискиот лидер.

Опозицијата бара објаснување од ДИК врз кој основ го отфрли ветото на Наумов и дозволи ново задолжување.

Инаку, со одлуката на ДИК, Владата утре кај домашните банки ќе се задолжи за нови 100 милиони евра.

Слично

Поврзани вести