СДСМ отвори тел. број – Сега може да пријавите нерегуларности во Изборниот список
02/ 3293-109 е бројот на кој ќе може да ги пријавите сите нерегуларности во Изборниот список а од опозицијата и правниот тим на партијата на Зоран Заев ќе ги проследат овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.
Секојдневно сме сведоци со нови нерегуларности во Избирачки список.
Се среќаваме со голем број на лица кои се запишани на иста адреса, голем број нелогичности и сомнежи.
Од СДСМ велат дека на една адреса во Скопје се запишани вкупно 66 лица, еден гласач, со исто име и презиме е запишан и на адреса во Ресен и на адреса во Демир Хисар.
На друга адреса во Скопје кадешто се запишани вкупно 30 лица, двајца гласачи од таа адреса со исти имиња и презимиња фигурираат и на адреса во ресенско.
Оттаму ја обвинија власта дека со години по ред им го крадела правото за глас на граѓаните.

