Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Отчетот на Груевски е врв на лицемерие

СДСМ: Отчетот на Груевски е врв на лицемерие
Од СДСМ реагираат дека отчетот на ВМРО-ДПМНЕ е врв на лицемерие и потценување на граѓаните. Од партијата велат дека отчет Никола Груевски ќе треба да даде по демократските промени во земјата, а сите украдени пари од народот ќе треба да се вратат и сите кои се огрешиле пред законите да одговараат. „Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред се млади луѓе, коишто поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија. Груевски ќе даде очет поради тоашто на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици а во сиромаштија живеат над 500.000 граѓани во земјава. Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија над 10.000 фирми. Никола Груевски ќе даде отчет пред граѓаните затоа што ја донесе Македонија на 13-то место по бедотија во светот. Затоа што Македонија е на врвот во Европа по смртноста на бебињата. Затоа што годишно умираат 1.350 граѓани поради загаден воздух“ - се вели во реакцијата од СДСМ. Настанот го оценија како парада со лаги, нереални, лажни инвестиции и лажни работни места. За СДСМ ова е збогување за Груевски, затоа што доаѓаат фер и демократски избори.
Слично

Поврзани вести