СДСМ остануваат во ДИК за да имаат увид во чистењето на списокот
СДСМ и коалиционите партнери не ги повлекуваат своите членови од Државната изборна комисија, за да имаат контрола врз процесот на прочистување на избирачкиот список.
Виолета Дума и Игор Милев и понатаму остануваат членови на ДИК. Учеството во ДИК има за цел да ги спречи манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Груевски, појаснуваат опозициските партии во соопштението од средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Можноста за повлекување на двајцата членови на ДИК предложени од опозицијата ја споменуваше Заев, при завчерашното објавување дека партијата нема да учествува на криминални избори на 5 јуни.
ДИК треба да реши што ќе прави со 40.000 граѓани кои при теренските проверки не се најдени дома.
