Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Одлуката на ДУИ ќе ја усложни политичката криза

СДСМ: Одлуката на ДУИ ќе ја усложни политичката криза

Откако коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и министрите на таа партија денеска поднесоа неотповикливи оставки во Владата од опозициската СДСМ велат дека овој чекор дополнително ќе ја комплицира политичката криза во земјава.

„ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана согласно Договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори во Македонија, а кога СДСМ ги објавуваше доказите и аргументите за криминал и корупција во коалиционата влада и кога се дозна дека граѓаните незаконско се прислушувале во МВР ДУИ ниту еднаш не повика на одговороност“, реагираат од опозицијата.

Партијата на Заев го осуди пласирањето во јавноста на аудио сники кои се однесуваат на приватноста на граѓаните и личниот живот, воедно повикувајќи ги сите оние кои поседуваат материјали и снимки да ги достават до надлежните институции.

Меѓудругото, побараа од надлежните да се спроведе темелна истрага за објавените приватни разговори функционери.

Пред малку како што соопштивме од партијата на Али Ахмети во соопштение до јавноста образложија дека токму објавените прислушувани аудио разговори се причина за излегувањето на министрите од извршната власт а за следните чекори и иднината на партијата на ДУИ ќе решаваат во наредните денови.

Прочитајте го целото образложение на ДУИ тука.

Слично

Поврзани вести