Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Одложувањето на либерализацијата ќе падне на товар на граѓаните

СДСМ: Одложувањето на либерализацијата ќе падне на товар на граѓаните
Опозицискиот СДСМ смета дека со вчерашната одлука за одлагање на целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, Владата свесно крши меѓународен договор, потпишан меѓу земјава и Европската комисија. Според опозициската партија, последиците од петгодишното одлагање на процесот ќе бидат исклучително штетни. „Фирмите, со либерализацијата ќе добиеја поевтина струја од 20 до 40 проценти. Тие сега плаќаат цена од 96.5 евра за мегават час. А големите компании што се веќе на слободниот пазар плаќаат за 20 евра пониска цена од малите и средни претпријатија, што сега немаат избор. Од намалувањето на цената на струјата на малите и средни претпријатија корист ќе имаа токму граѓаните кои ги користат нивните услуги и производи“, вели Дамјан Манчевски од СДСМ. Тој потсетува дека регулаторните власти неколку месеци наназад ветувале дека либерализацијата нема да предизвика поскапување на струјата. „Како токму сега, кога завршува рокот за либерализација на енергетскиот пазар, власта се сети за наводно покачување на цената на струјата за 20 проценти? Власта на Груевски во 8 годишното владеење без либерализиран пазар им ја зголеми цената на струјата на домаќинствата за ЦЕЛИ 75 ПРОЦЕНТИ!“, прашува Манчевски. Тој додава дека наместо одлагање на либерализацијата, СДСМ предлага други мерки: • да се врати евтината струја во текот на денот за домаќинствата • Владата да инвестира во енергетски објекти, наместо да гради споменици ,музеи и панорамски тркала • Владата со закон да гарантира поголеми субвенции за домаќинствата кои нема да можат да ги подмират сметките за струја.
Слично

Поврзани вести