Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ оди на втор круг избори

СДСМ оди на  втор круг избори

СДСМ ќе учествува во вториот круг на локалните избори и ќе ја бара поддршката од граѓаните за своите кандидати, изјави денеска Игор Ивановски, шеф на Изборниот штаб на коалицијата „Сојуз за иднината“.

- На 7 април гласањето почнува од нула и ќе сториме се што е во наша моќ да не се повторат изборните нерегуларности од првиот круг на гласање, рече Ивановски на прес-конференција.

Осврнувајќи се на првиот круг од локалните избори, Ивановски оцени дека изборите не биле фер и демократски. Информира дека нивниот правен тим подготвил најмалку 350 нови приговори за нерегуларности на денот на изборите и 15 за документирани случаи на прекршување на изборниот молк .

Слично

Поврзани вести