Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Oд утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи

СДСМ: Oд утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи

Од СДСМ велат дека од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените.

„Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари,  и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи. Потребно е итно воведување на мерките. Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна. СДСМ веќе има предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесеме во Собранието“, се вели во соопштението на партијата.

Инаку, граѓаните побрзаа на бензинските да наполнат гориво по стара цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 7 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Слично

Поврзани вести