Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Од новиот буџет на ЕУ, три милијарди евра за Северна Македонија

СДСМ: Од новиот буџет на ЕУ, три милијарди евра за Северна Македонија

СДСМ соопшти дека во рамките на новиот буџет на ЕУ испрограмирани се и средствата за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3 согласно која на Северна Македонија ќе и бидат достапни речиси 3 милијарди евра за овој седумгодишен период.

„Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои ќе го забрзаат нашиот економски развој и нашиот реформски капацитет.

Новата Влада предводна од  СДСМ во периодот кој доаѓа овие средства и проекти треба да ги реализира во областа на транспортот и инфраструктурата, земјоделието, животната средина, економскиот развој, правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери.

Овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на Северна Македонија во наредниот седумгодишен период после кој очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на ЕУ“, гласи соопштението на владеачката партија.

Како што вели СДСМ, ова е голем успех кој ја демонстрира европската солидарност, способност за надминување на кризи и донесување на крупни стратегиски одлуки важни за цела Европа.



Слично

Поврзани вести