СДСМ се фали дека од април граѓаните исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат месечен паушал
Од април, граѓаните исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат месечен паушал.
Оваа одлука на Реуглаторна комисија беше повод владеачката партија да се пофали дека граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок за парно како што беше досега.
„Граѓаните кои не користат топлинска енергија кончено ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 година.
Со ова се решава долгогодишниот проблем на илјадници граѓани кои со години беа изложени на трошок за услуга која не ја користеа, се исправа долгогодишна неправда кон илјадници семејства во Скопје.
Според проценките 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата“, велат од СДСМ.
Од партијата на власт посочуваат дека се остварува уште едно ветување од Програмата, “се реализизира една заложба на Владата предводена од СДСМ за намалување на трошоците и обезбедување повеќе пари кај граѓаните“.
