Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ обвинува за нов скандал со одлеани илјадници евра за софтвери во МЗШВ

СДСМ обвинува за нов скандал со одлеани илјадници евра за софтвери во МЗШВ

Oпозицијата денеска обвинува за нов скандал во Министерството за земјоделство и Агенцијата за земјоделство и рурален развој.

Имено, од партијата на Заев тврдат дека стотици илјади евра народни пари се одлеале за софтвери во овие институции, притоа се  778.000 евра за потребите на Платежната агенција не се сметководствено евидентирани.

Љупчо Николовски се повикува на  ревизорот во најновиот извештај, барајќи одговор на прашањето која е ричината што 778.000 евра не се влезени во официјалните финансиски евиденции и што кријат министерот Цветков и неговите колеги во Агенцијата.

„Ова ли е причината што од сите огромни проблеми на земјоделците на терен, од катастрофално ниската откупна цена на пченицата па натаму, Цветков се фати за токму за софтвери?! Го гледа цела јавност министерот Цветков, каде стигнува сега ветува некој нов софтвер за наводен откуп на земјоделски производи.

Граѓаните слушнаа од ревизорскиот извештај дека биле вршени исплати на лица за кои нема решенија за субвенции, или обратно токму поради неусогласеност на двата сектора во Агенцијата задолжени за тоа. И двата сектора имаат софтверски апликации, но нема интегрираност на податоците! А и покрај тоа што постои софтер за контрола на терен по исплатите, според ревизорот тој не функционира. И не е тоа се околу софтверската манија на Цветков. Постои уште еден софтвер, во Министерството  за земјоделство, преку којшто треба да се дефинира пазарната цена на земјоделските производи, но и тој софтвер не функционира! Исто така постои софтвер за следење на наплатата за закуп на земјиште, но според ревизорот, не се евидентирани голем дел од склучените договори за земјоделско земјиште!“, посочи Николовски.

Од најголемата опозицика партија во земјава велат дека со големо внимание ги следат и ќе ги следат сите состојби во земјоделството, вклучително и расфрлувањата пари на граѓаните за наводни софтвери.

Слично

Поврзани вести