Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ обвинува – Владата планира ново задолжување од 17 милиони евра

СДСМ обвинува – Владата планира ново задолжување од 17 милиони евра
СДСМ обвинува дека Владата планира да се задолжи за нови 17 милиони евра. Опозиционерите сметаат дека министерството за финансии не ги слуша предупредувањата од меѓународните финансиски институции и од НБРМ околу темпото со кое расте јавниот долг. Власта, велат, за два дена преку аукција на државни хартии од вредност ќе креираа нов долг од најмалку 17 милиони евра. Тие го прашуваат министерот Зоран Ставревски, колкав е моменталниот долгот на државата по основ на доспеани обврски за набавени стоки и услуги и поврат на ДДВ кон правните лица. „Го потсетуваме министерот да не користи лаги како минатата година кога постојано тврдеше дека државата навремено ги регулира сите обврски. Неговите лаги тогаш ќе мора и оваа година да ги демантира премиерот и да признае дека долгот по овој основ е стотина милиони евра“, посочуваат од опозицијата од каде обвинија и дека министерството за финансии не ги усогласува своите податоци со тие од  Државниот завод за статистика. „Според ДЗС, до септември, БДП по тековни цени изнесува 5 милијарди и 600 милиони евра? Министерството цела година оперира со БДП за 2013 од скоро 8 милијарди евра. Тоа е манипулација која прераснува во лага со цел сите податоци да се покажуваат порозови. Реално, БДП за 2013 не може да биде поголем од 7 милијарди и 700 милиони евра, што ќе покаже дека и сега јавниот долг е над 35 отсто, а буџетскиот дефицит над четири отсто од БДП, велат од СДСМ.
Слично

Поврзани вести