СДСМ обвинува: Корупцијата однесе многу работни места
Опозициската СДСМ денеска со нови обвинувања до владеачката гарнитура.
Од партијата на Заев велат дека „ВМРО-ДПМНЕ живее во нереален, имгаинарен свет и неуспешно се обидува да ги замајува граѓаните за да ја сокрие очајната состојба во којашто се наоѓа“.
Оттаму велат премиерот ги осиромашил граѓаните со погрешните политики.
„Додека Груевски и фамилијата се богатеше во изминатите години, граѓаните едвај врзуваа крај со крај, луѓе остануваа без работа. Последната лоша вест е дека 1.000 рудари останаа без работа. Корупцијата што царуваше во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу инвеститори од земјава“, соопштија од СДСМ.
Од СДСМ исто така потенцираат дека премиерот единствено се интересирал само за провизии, парцели на Водно, мерцедеси од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари...и дека виртуелните најави за 8 милијарди евра инвестиции никогаш не се реализирале.
