СДСМ обвинува – исти споменици два пати се подаруваат
Опозициската партија СДСМ се сомнева дека петте споменици, кои сега на Градот Скопје му ги подари Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје – Македонија, всушност пред две години веќе и биле подарени на општина Центар.
Од таму велат дека одлуката за поставување на петте нови споменици со висина од 10 метри, а кои се дел од проектот „Скопје 2014“ е донесена на 28 декември 2012 година од Советот на општина Центар.
„Се поставува прашањето, зошто здружението досега не ги донирало овие споменици на Центар и тие не се поставени? Дали здружението ќе донира идентични споменици и на Центар и на Скопје? И едно од поважните прашања, од каде им се парите да донираат споменици во вредност од стотици ијлади евра ако не и повеќе? Коце Трајановски нема визија за развој на Скопје. Тој продолжува да ги расфрла народните пари за раскош и луксуз, додека граѓаните се соочуваат со рекордна сиромаштија“, вели потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Станува збор за спомениците на Пере Тошев, Никола Петров Русински, Андон Лазов Јанев –Ќосето, Ѓорѓи Сугарев и на генерал Михајло Апостолски.
Слично
