СДСМ обвинува дека власта парите од задолжувањето ќе ги користи во предизборни цели!
Државата во текот на вчерашниот ден се задолжи кај домашните кредитори 12,5 милиони евра наместо планираните 5,5.
Од опозицијата реагираат на ова ново задолжување и обвинуваат дека власта парите ќе ги користи за предизборни цели.
Од партијата на Заев велат дека Ставрески ги зголемил каматните стапки на државните записи и обврзници само за да обезбеди повеќе пари за желбите на Груевски.
„Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2,50% а на вчерашната е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а на вчерашната е 4,30%, а со две аукции е еализиран 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година“, реагира СДСМ.
Инаку вчерашното задолжување ќе се враќа за 15 и за една година. Засега е нејасна намената на овие пари, со оглед на тоа што во следните денови според календарот, не достасуваат долгови за враќање.
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, вели дека загарижувачки е тоа што на денешната аукција се зголемени каматните стапки на државните запси и обврзници. Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2, 50% а сега е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а денешната е 4,30%.
И минатата недела, кога се одржа првата аукција на државни хартии од вредност, Владата планираше да земе 15,5 милиони евра, а се задолжи двојно повеќе или 31 милион евра. Наумов тогаш изјави дека со таа аукција е потрошен 5 % од планираниот буџетски дефицит, а ако продолжи ваквото темпо на задолжување до мај месец ќе се потроши планираниот буџетски дефицит за цела 2016-та година.
