Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ обвинува дека Владата се задолжува за изборите, ВМРО враќа: Не се расправајте со Светска банка!

СДСМ обвинува дека Владата се задолжува за изборите, ВМРО враќа: Не се расправајте со Светска банка!
СДСМ денеска обвини дека задолжувањето станало омилена алатка на актуелната Влада за задоволување на нивното непродуктивно трошење.

„Никој не добива објаснување на што се трошат парите од скапите кредити. Стана секојдневие, образложението на Министерството за финансии да биде општо дека задолжувањето е за буџетски потреби“, истакна потпретседателот Зоран Јовановски кој додаде и дека ваквите образложенија на власта упатуваат на тоа дека парите од задолжувањата се трошат за реклами и споменици.

Од СДСМ се сомневаат дека Владата планирала новите кредити од 50-те милиони долари од Светска банка да ги троши за  зголемување на конкуретноста на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, а не за подобрување на конкуретноста на македонската економија. Од ВМРО-ДПМНЕ на овие обвинувања одговорија со ставот дека Македонија е една од најмалку задолжените држави во Европа и ги обвинија СДСМ и потпретседателот Зоран Јовановски дека не се расправаат со Владата и со владејачката патија,  туку како противник ја имаат Светска банка.

„Светски релевантни институции кои ја придвижуваат глобалната економија како Светска банка и ММФ јасно нагласуваат дека Македонија е четврта по ред најмалку задолжена држава во Европа, дека Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5 отсто и дека со заемот од СБ ќе се финансираат клучни реформи. И кога врвни светски институции ќе дадат ваква потврда за исправноста на напорите на Владата за избавување од последиците од глобалната економска криза повеќе од очигледен е фактот дека СДСМ цело време манипулира и ја лаже македонската јавност“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 
Слично

Поврзани вести