СДСМ обвинува дека ДЗС објавува нереални податоци за невработеноста
Од опозицијата обвинуваат дека Директорот на Државниот завод за статистика објавува нереални податоци и ја прикажува на нереален начин стапката на невработеност.
„ММФ, НБРМ, па дури и самото Министерство за финансии пред не повеќе од месец дена ги ревидираа во надолна линија проекциите за раст на БДП.
Го повикуваме директорот на ДЗС, кој по завршувањето на секоја календарска година, сам си ги ревидира сопствените квартални извештаи, да објасни како е можно при минимален раст на бруто инвестиициите од 2.8%, да објави раст на градежништво од 29.4%“, велат од опозицијата
Оттаму велат дека статистичкит податоци ќе останат доказ за неодговорноста на Директорот на ДЗС откако ќе си замине Груевски.
Слично
