СДСМ обвини – Ивона Талевска увезувала медицински апарати, „Визарис“ – Белград ќе тужи
Уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска е вклучена во увоз на медицински апарати, обвини СДСМ. Опозиционерите покажаа изводи од Централниот регистер кои покажуваат дека во една трансакција на нејзина фирма се префрлени 40 илјади евра.
Според документите, фирмата на Талевска, 25 дена пред Нова Година, склучила бизнис со Клиниката за радиологија во Скопје за набавка на апарат. „Оваа фирма, Визарис, е во сопственост на мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска и на извесен Марко Петровиќ од Белград. Значи основана со мешовит српско – македонски капитал. Тоа го покажуваат податоците од овој официјален документ од Централниот регистер на Република Македонија, изваден пред 10 дена. Самата уредничка, Ивона Талевска, како што е наведено на фактурата тешка 40 илјади евра, е лице за контакт во Визарис“, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Фирмата „Визарис МКД“ е регистрирана за трговија со медицинска опрема, апарати и информациони системи во здравството, а нејзиното седиште е во Градскиот парк во Скопје, на Градски стадион, без број.
Од матичната компанија „Визарис“ - Белград најавија тужба за клевета и невреда со цел, како што велат, да го заштитат својот углед. СДСМ денеска изнесе полувистини за компанијата „Визарис МКД“ која е изложена на јавен напад, стои во реакцијата.
Објаснуват дека на јавниот повик на Министерството за здравство документација подигнале вкупно седум компании, од кои на јавното отворање на понудите учествувале три компании: „Висарис“ МКД со понуда од 1.416.986 евра со ДДВ, „Шимадзу“ со понуда од 1.699.000 евра со ДДВ и „Кубис Медикал“ понудил највисока цена, а условите ги испониле само „Висарис“ МКД и „Шимадзу“, кои потоа учествуваа во електронската аукција, на која „Висарис“ МКД понудила цена за околу 350.000 евра пониска од стартната цена утврдена при јавното отворање на понудите.
Од компанија „Визарис“ - Белград велат дека нападот е поради тоа што новинарката Ивона Талевска е ќерка на нивниот партнер во Македонија, Лимба Талевска.
Слично
