Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ обвини дека Груевски месечно штедел по 10.000 евра, тој вели немал екстра приходи

СДСМ обвини дека Груевски месечно штедел по 10.000 евра, тој вели немал екстра приходи

СДСМ  презентираше анкетните листови според  кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на 2014 и 2015  година секој месец заштедувал по 10 000 евра.

Со тоа за една година станал пообогат за 118. 629 евра. Најмогу ги зголемил сумите во денари и во евра, така што во 2014 имал 2 162 412  денари, а следната година 8 887  542.

Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, потврда дека Груевски не се потпирал на неговата плата  е графата  за основот на стекнување , каде тој или не дал податок или рекол дека ги стекнал на друг начин.

Шилегов смета дека ова е  единствената причина зошто антикорупциската комисија не сакаше да ги даде на увид на јавноста анкетните листови на Груевски.

На ова Груевски одговори дека СДСМ се во очај, и затоа се однесуваат деструктивно. За обвинувањата на Шилегов вели дека се лаги и манипулации.

„Настапот на СДСМ е уште една голема лага, со која партијата се обидува да ги доведе во заблуда граѓаните. Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата којашто ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ“ - вели Груевски.

Тој тврди дека целосна лага е тоа дека анкетните листови од 2014 и 2015 година биле сокриени. Рече дека биле доставени до Државната комисија за спречување на корупција и достапни на јавноста.

Слично

Поврзани вести