СДСМ објаснува зошто граѓаните плаќаат 75% поскапа струја
Опозицискиот социјалдемократски сојуз смета дека ги има одговорите зошто граѓаните денеска плаќаат за 75% поскапа струја од увоз.
„Вкупното производството на струја неколку години во континуитет опаѓа. Поради нестручно, неодговорно и некомпетентно однесување, РЕК Битола произведува помалку струја наместо повеќе. Според информациите со кои ние располагаме, повеќе од 40 дена во застој е и производството на струја од ХЕЦ Маврово. А пак од почетокот на оваа година не работи ниту РЕК Осломеј. Тоа се 500 мегавати помалку домашно произведена електрична енергија“, наброја Васко Ковачевски од СДСМ на денешната пресконференција.
Според него, Владата на Никола Груевски, не само што не изградила ниту еден нов енергетски капацитет, туку Македонија ја направила зависник од скапа увезена струја.
„Пред десет години, Македонија произведуваше многу повеќе струја а увезуваше многу помалку. Затоа и цената на струјата беше помала. Цели 8 години СДСМ укажува на погубната политика на оваа власт за состојбите во енергетскиот сектор. Загриженоста на граѓаните е како ќе се издржи престојната зима со навремена и квалитетна испорака на електрична енергија“, вели Ковачевски, кој вчера алармираше за исклучувањето на првиот блок од РЕК Битола на стартот на грејната сезона заради дефект.
Слично
