СДСМ: Обезбедување наместо реновирање во болницата во Крива Паланка
Вкупно 60 илјади евра се потрошени за обезбедување на болницата во Крива Паланка, во која условите се катастрофални, обвини опозициската СДСМ. Партијата го рпезентираше договорот за обезбедување што Министерството за здравство го склучило со агенцијата СГС.
„Значи, Министерството со коешто раководи Никола Тодоров, нема пари за подобрување на катастрофалните услови во болницата во Крива Паланка, ама дава речиси 60 илјади евра за обезбедување на истата болница“, рече Борјанчо Мицевски од СДСМ.Според опозицијата, тендерот е повеќе од два пати повисок од проценетата вредност, а немало ниту податоци колку понуди имало и дали ова било најдобрата понуда. Со реакција се огласи ресорното Министерство за здравство кое тврди дека за болницата во Крива Паланка во тек е постапка за реновирање. Од таму додаваат дека одговорен за склучувањето на овој договор не е министерот, туку директорот на здравствената установа.
Согласно член 104 од Законот за Здравствена Заштита, Директорот на Јавната здравствена установа „го организира и раководи процесот на трудот, го води работењето на јавната здравствена установа, самостојно донесува одлуки во рамките на своите надлежности, ја претставува и застапува јавната здравствена установа спрема трети лица и е одговорен за законитоста на работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се превземаат во правниот промет“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.Реновирањето на болницата, за кое веќе бил распишана и спроведена јавна набавка, ќе чини 24 милиони денари, информираат од Министерството.
Слично
