Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ нуди три опции за младите по завршувањето на средно образование

СДСМ нуди три опции за младите по завршувањето на средно образование

На секој млад човек по завршување на задолжителното формално образование, од државата ќе му следуваат три опции, и тоа: да добие вработување, да му се овозможи практично дообучување во траење од четири месеци или да избере да се дообразува на сметка на државата.

Ова е предлог кој денеска го презентираше Стефан Богоев од СДСМ на јавната трибина „Младите можат“, во организација на институтот Прогрес.

Богоев рече дека СДСМ  планира и темелна реконструкција на студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, како и нова зграда со 700 легла, која ќе се изгради во близина на домот „Стив Наумов“. Студентите ќе добиваат студентска платежна картичка и картичка за субвенциониран меѓуградски превоз, а предвиден е и бесплатен јавен транспорт за сите до 29 години, а не само за студентите.

Слично

Поврзани вести