Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Новороденчиња во Македонија починуваат масовно

СДСМ: Новороденчиња во Македонија  починуваат масовно

Од СДСМ алармираат дека во изминатите 6 месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од партијата наведуваат дека само во последните 2 недели починале 20 новороденчиња, што е катастрофа за еден здравствен систем, за една држава, за нејзината иднина.

„Минстерот за здравство, кој го доби епитетот министер-смрт, лажно го фали здравството дека цвета, всушност здравството пропаѓ,а а со тоа и здравјето на нашата популација тоне и е во тотален колапс. Бројката на починати новороденчиња е аларманта, новороденчињата во Република Македонија  починуваат масовно. Министерот-смрт треба да излезе пред граѓаните со официјалната бројка којашто е должен да ја достави и до СЗО, но и пред сопствениот народ. Да каже отворено колку чинат  животите на нашите малечки душички!Министре, Вие сте одговорни заради оваа грозоморна состојба. Вие сте одговорни и за лошата организација на здравствениот систем и конечно Вие сте одговорни за нестручноста на вашиот партизиран кадар“ - реагираат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека Тодоров мора да замине веднаш, поради вакви здравствени катастрофи кои е недозволиво да се случуваат.

Слично

Поврзани вести