СДСМ: Новите избрани обвинители се партиски послушници на власта
Со реакција се јави опозицијата за изборот на Анита Топалова-Исајловска и Џелал Бајрами за нови обвинители.
Од СДСМ обвинуваат дека со овој избор продолжила партизацијата на Јавното обвинителство, образложувајќи дека „Топалова-Исајловска, избрана за заменичка на Зврлевски е сопруга на заменик министерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски“.
Од партијата на Зоран Заев укажуваат дека Џелал Бајрами, поранешен министер од ДУИ, нема ниту еден ден искуство како обвинител а треба да ја надгледува и да ја оценува работатата на сите обвинители и дека на овој начин „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги инсталираат своите партиски послушници во правосудството на сметка на вистинските професионалци и на штета на правото“.
Оттаму порачуваат дека е неопходно Судот и Јавното овинителството да работат согласно правото и законот.
